|
progeCAD 2011 Professional е развиен на IntelliCAD 6 технологија и претставува идеална CAD алатка наменет за сите кои имаат потреба за изработка или употреба на CAD цртежи: студенти, едукатори, архитекти, градежни инженери, техничари... Како основен формат на цртежите progeCAD 2011 користи DWG формат (од верзијата 2.5 до верзијата употребувана во AutoCAD 2012), а интерфејсот и филозофијата на работа се идентични со AutoCAD со што progeCAD претставува идеална замена која не бара макотрпно и долготрајно прилагодување.
ProgeCAD 2011 не е копија на AutoCAD - progeCAD 2011 претставува CAD револуција, која на своите корисници може многу да им понуди: сет на додатни алатки - Express Tools, извоз на моделите во Google Earth, работа со ACIS 3D тела, фотореалистичен рендеринг, можност за принт во PDF и JPG формат, увоз на PDF документи, едитирање на рестерски слики, растер- вектор конверзија, огромна библиотека на блокови, VBA, Redline и Markup алатки, подршка за LISP, VBA, C++, DIESEL...
Погледнете ја табелата со споредбен приказ на можностите...
progeCAD 2011 Professional во себе ја содржи iCADLib. iCADLib претставува модул на progeSOFT за управување со блокови кој содржи повеќе од 20.000 блокови поделени по област на примена:
- Архитектонски
- Машински ANSI-ISO и DIN-ISO
- Електро компоненти
- Олеодинамика и Пневматика
- Кујнска3D опрема
Покрај блоковите кои доаѓаат заедно со инсталацијата на progeCAD, iCADLib овозможува интернет пристап на база со блокови - Traceparts portal, кој содржи преку милион различни блокови категоризирани по област на примена.
progeCAD 2011 Professional подржува три програмски јазици: LISP и SDS (C++ ADS® компатибилен), VBA и COM автоматизација, постои и подршка за Autodesk DIESEL
progeCAD 2011 Professional е достапен во четири лиценцни верзии:
- Single License - класична лиценца за едно работно место
- NLM - мрежна лиценца наменета за употреба во мрежна околина
- Corporate - лиценца наменета за компании, без ограничување на бројот на работни места
- Educational - училишна верзија наменета само за образовни институции
progeCAD 2011 е оптимизиран за Microsoft Windows 7®
|
Секогаш најновата верзија со iCARE претплатата
iCARE претплатата Ви овозможува да имате постојан пристап до најновата верзија на progeCAD програмот, како и постојан пристап до техничката подршка.
Едногодишната претплата на своите корисници нуди техничка подршка и постојано унапредување на програмот, ги намалува трошоците за надградба на нова верзија.
За годишна членарина, iCARE корисниците имаат можност на следните погодности:
- Надградба- добивање на сите progeCAD исправки и нови верзии на progeCAD (пр-. iCARE претплатниците ќе го добијаprogeCAD 2012 бесплатно)
- Подршка- техничка подршка преку интернет со помош на новиот сервис преку тикети, е-пошта, директен контакт и далечинска подршка.
Купете iCARE во комбинација со progeCAD и заштедете 18% од стандардната цена на iCARE! |
Повеќе за новостите на верзијата 2011...
Изглед на progeCAD 2011

|