|
progeCAD 2010 Professional е развиен на IntelliCAD 6.6 технологија и претставува идеална CAD алатка наменет за сите кои имаат потреба за изработка или употреба на CAD цртежи: студенти, едукатори, архитекти, градежни инженери, техничари... Како основен формат на цртежите progeCAD 2010 користи DWG формат (од верзијата 2.5 до верзијата употребувана во AutoCAD 2010), а интерфејсот и филозофијата на работа се идентични со AutoCAD со што progeCAD претставува идеална замена која не бара макотрпно и долготрајно прилагодување.
ProgeCAD 2010 не е копија на AutoCAD - progeCAD 2010 претставува CAD револуција, која на своите корисници може многу да им понуди: сет на додатни алатки - Express Tools, извоз на моделите во Google Earth, работа со ACIS 3D тела, фотореалистичен рендеринг, можност за принт во PDF и JPG формат, увоз на PDF документи, едитирање на рестерски слики, растер- вектор конверзија, огромна библиотека на блокови, VBA, Redline и Markup алатки, подршка за LISP, VBA, C++, DIESEL...
Погледнете ја табелата со споредбен приказ на можностите...
progeCAD 2010 Professional во себе ја содржи новата верзија на ALE. ALE v.9 претставува модул на progeSOFT за управување со блокови кој содржи повеќе од 11.000 блокови поделени по област на примена:
- Архитектонски
- Машински ANSI-ISO и DIN-ISO
- Електро компоненти
- Олеодинамика и Пневматика
- Кујнска3D опрема
progeCAD 2010 Professional подржува три програмски јазици: LISP и SDS (C++ ADS® компатибилен), VBA и COM автоматизација, постои и подршка за Autodesk DIESEL
progeCAD 2010 Professional е достапен во четири лиценцни верзии:
- Single License - класична лиценца за едно работно место
- NLM - мрежна лиценца наменета за употреба во мрежна околина
- Corporate - лиценца наменета за компании, без ограничување на бројот на работни места
- Educational - училишна верзија наменета само за образовни институции
progeCAD 2010 е оптимизиран за Microsoft Windows 7®
Повеќе за новостите на верзијата 2010...
Изглед на progeCAD 2010

|